Search

СДСМ: Партизацијата на институциите заврши кога ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција

Партизацијата на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски кој обвини дека додека младите си заминуваат од државата, цела Влада или си ги вработува своите најблиски во државната администрација или си добиваат тендери преку своите фирми.

Од владејачката партија велат дека скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ освен симбол за криминал и корупција, станал и база за секојдневно ширење лажни вести.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминал, партизација и злоупотреба на институциите не може да се помири и да разбере дека институциите се професинализираат, вработувањата се согласно план, програма и потреба и за сите важат истите услови и критериуми“, стои во реакцијата на СДСМ, од каде додаваат дека опозицијата се обидува да гледа наводни скандали во активности на државни и јавни претпријатија кои се сосема редовни и како што велат, согласни со правилата и потребите за вработување.

Според СДСМ, мерките на Владата обезбедуваат професионални и независни институции, подобри услови за работа, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави