Search

СДСМ обезбеди социјалната правда, ја намаливме социјалната нееднаквост

Прес- конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Социјалната реформа што ја спроведе СДСМ  создаде услови за  праведно општество и намалување на социјалната нееднаквост меѓу граѓаните. Преку сет мерки обезбедивме достоинствен живот за сите – и за повозрасните граѓани кои ја граделе државата, но и за ранливите категории граѓани, за децата, за стечајците… Над 320.000 пензионери добија покачување со јанураската пензија од 722 денари.
До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари. Со тоа просечната пензија за само три години е покачена за 1.746 денари и изнесува 15.500 денари.
Воведовме и социјална пензија, која засега ја користат над 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија. Донесовме закон за докуп на стаж на граѓани кои работеле, а не им биле плаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување
Со социјалната реформа што ја спроведовме целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите категории и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат.
Со зголемување на социјалната помош за 300 проценти, односно од 3.000 на 11.700 денари над прагот на сиромаштија извлековме повеќе од 120 илјади наши сограѓани, кои се соочуваа со социјален ризик.
Вкупно 27.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат над 8.500 деца.
Ја покачивме минималната плата за 60% од срамните 9 на 14.500 денари. И нема да застанеме тука, во името на социјалната правда и повисок стандард, минималната плата до 2024 година ќе ја зголемиме на 18.000 денари.

Ја исправивме историската неправда го решивме проблемот со стечајците, 12 илјади граѓани до пензионирање ќе добиваат по 8.200 денари месечно.Донесовме закон за отпис на камати, ги намаливме трошоците за нотари, извршители и адвокати, се со цел граѓаните да имаат повеќе средства на располагање во семејните буџети. СДСМ продолжува со реформите и со реализација на мерките со кои нашата држава станува поправедна, поеднаква, со помалку сиромашни граѓани.
Подобар животен стандард за граѓаните и социјална правда и еднаквост за нас се приоритет.
На прав пат сме!
Треба да знаете
Последни објави