Search

СДСМ: Обезбедено бесплатно болничко лекување за пензионери и лица приматели на социјална помош

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците и го олеснуваат животот на граѓаните, се вели во партиското соопштение.

Со одговорното и домаќинско управување со финансиите, со кратењето на непродуктивните трошоци, во Буџетот ослободени се средства за обезбедување бесплатно болничко лекување за пензионерите со ниски пензии, како и бесплатни специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за лицата приматели на социјална парична помош.

Тоа значи дека од оваа година пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при болничко лекување во болнички здравствени установи.

Истовремено, корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оваа мерка, додаваат од партијата ќе помогне лицата приматели на социјална помош и лицата кои добиваат пониски пензии да добиваат навремени, квалитетни и бесплатни здравствени услуги, со што ќе се намалат нивните трошоци, но и ќе се унапреди степенот на здравствена заштита.

Треба да знаете
Последни објави