Search

СДСМ: Нема да дозволиме незрелиот и неодговорен Мицкоски да создаде криза, по сила на закон избори треба да има на 21 јуни

Прочитани се обидите на Христијан Мицкоски кој сака да ја внесе државата во политичка криза само затоа што се плаши од изборен пораз заради неговото незрело и неодговорно однесување како во време на кризата, така и во претходните три години.

СДСМ и граѓаните нема да го дозволат тоа.

Токму Мицкоски се сложи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, подддржа распишување избори, влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче.

Мицкоски може да бира само дали ќе води кампања или не, неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче.

СДСМ е одговорна партија и како и досега дава шанса на консензусот за важни прашања, но доколку нема договор, доколку продолжи незрелоста и неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на закон изборите ќе бидат на 21 јуни, 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, ако таа не се продолжи.

Нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување  на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја втурне нашата држава  во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата.

Треба да знаете
Последни објави