Search

СДСМ: На Мицкоски не му беа доволни 11 години прислушување, па бара нови снимки

Не му беа доволни 11 години прислушување на Мицкоски, па бара нови снимки да преслушувале „експертите“ од ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира независно тело кое ќе го предводи човек на предлог на опозицијата и кое ќе ги преслуша, анализира, систематизира прислушуваните разговори на сите судии и обвинители.

„Нека не сонува Мицкоски, Македонија тргна напред и враќање назад во црното минато нема, никој нема да ја запре.  Бадијала си придава толку големо значење, Мицкоски никој не го смета за сериозен, најмалку граѓаните кои ја поразијата неговата деструкција. Впрочем слабиот одзив на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и овој протест во Кочани, се јасна порака за Мицкоски дека блокади, обрана на криминал, деструкција не поддржуваат“, велат од СДСМ.

Нервозниот Мицкоски, додаваат од партијата, е полн со црнила, темници и мрачни сценарија, последица од децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како лева рака на Никола Груевски, како негов советник во кабинетот кој му го дал и бизнисот со хидроцентрали, Христијан Мицкоски нема нешто друго да им понуди на граѓаните. Со истите зборови на Никола Груевски, денека Мицкоски ги прогласи за патриоти насилниците со црни маски и црни качулки кои го извршија бруталниот напад на Собанието на 27 април“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави