Search

СДСМ наместо да се справи со пандемијата посегна по гушење на рекламниот медиумски простор за опозицијата

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Изборниот грабеж и најнедемократските парламентарни избори во Република Македонија имаат виновник и тоа е СДСМ. Извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми е доволен показател за недемократските избори. СДСМ на почеток на кампањата, на самиот завршеток на вонредната состојба, на ден пред почетокот на кампањата во 23:55, 5 минути пред да заврши вонредната состојба изгласаа уредба каде што им се намалува двојно рекламниот простор на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Наместо СДСМ да се справува со пандемијата која однесе над 500 човечки жртви до сега, тие во вонредната состојба посегнаа по демократскиот процес на изборите, односно посегнаа по рекламниот простор кој што им следува на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Со ова практично изгласаа уредба за медиумски мрак и гушење на опозицијата, каде што тие добија двојно повеќе рекламен простор по медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ доби само гушење и не можност да доволно се презентира по медиумите.

Со ова незаконски, со кршење на Уставот и законите, СДСМ директно се мешаше во изборниот процес и го ограничи времето на опозицијата, само и само за да може власта сама да манипулира во рекламниот простор кој што за нив испадна  двојно поголем од на ВМРО-ДПМНЕ.

Користењето на вонредната состојба за лукративни цели, а не за справување со пандемијата е доволен показател колку биле недемократски овие избори кои поминаа.

Токму и поради тоа СДСМ има скоро двојно повеќе време за медиумско рекламно презентирање во однос на ВМРО-ДПМНЕ и нас не стави во подредена состојба.

СДСМ е канцерот кој ја јаде демократијата во Република Македонија.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави