Search

СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.

Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.

„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави