Search

СДСМ: Навикнати  да контролираат се на ВМРО-ДПМНЕ, не им одговара транспарентноста и слободниот пазар 

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци. 11 години ВМРО – ДПМНЕ ги контролираа и беа вклучени во различни бизниси во државата. Навикнати на таков однос, ВМРО ДПМНЕ се уште не можат да разберат свесни дека тоа време заврши и затоа продолжуваат со лицемерните соопштенија од луксузниот бел дворец изграден во време додека граѓаните осиромашуваа.

Не е точно дека фирми на вицепремиерот Кочо Анѓушев добивале  тендери и од тоа профитирал, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е дека ниту една фирма на на вицепремиерот Кочо Анѓушев не учествува на тендери и јавни набавки. Заврши времето на оф шор компании и шемите со фирми од Белизе. Денес сите компании имаат еднакво право и услови за учество на пазарот, а  трговијата е слободна. Денес, сите имаат еднаков пристап и можности за учество на јавен повик за тендер, доколку ги исполнуваат бараните услови.

Треба да знаете
Последни објави