Search

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека ќе стори сѐ Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО

Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски, јавно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО, велат од опозициската СДСМ.

„Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата-бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив“, се наведува во партиското соопштение.

Додаваат дека граѓаните се поголеми од, како што се вели, нивната омраза, од нивната желба за поделби, од нивните црнила.

„Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО“, истакнуваат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави