Search

СДСМ: Мицкоски продолжува да биде промотор на мерките на СДСМ

Христијан Мицкоски, човекот кој 11 години водеше погубна енергетска политика на штета на граѓаните, деновиве се поклони пред политиките и мерките на СДСМ и почна да станува нивен промотор, соопшти СДСМ.

„СДСМ ја промовираше мерката за намалување на ДДВ за парно до 18 на 5 отсто, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ втор ден порачуваат дека ќе се заложеле да се намалат трошоците за затоплување.

Крајно лицемерно е Мицкоски да зборува за грижа за граѓаните кога граѓаните многу добро паметат дека додека Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, беше укината евтината тарифа на струјата, електричната енергија поскапе за 100 отсто, а граѓаните мораа да плаќаат за парно дури и без да го користат.

Со намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 проценти, од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење.

Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централно парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, однсоно годишна заштеда од над 2.600 денари. Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ остануват посветени на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство.

Мицкоски може да гледа, да учи и слободно да ги промовира мерките што се во интерес на граѓаните“ се наведува во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави