Search

СДСМ: Мицкоски призна дека единствено се залага за амнестија на криминалот

Мицкоски призна дека единствено се залага за амнестија на криминалот

Тоа што Христијан Мицкоски денеска одби директно да одговори на новинарското прашање всушност самиот потврди и призна дека единствено нешто за што се залага и го бара ВМРО-ДПМНЕ е амнестија за криминалот.
Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.

Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

На Мицкоски веќе треба да му е јасно дека амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.

Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на 30 септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок. Ќе ја реализираат патриотската заложба на многу генерации, Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО со зачуван и зајакнат македонски идентитет.
Никој нема да ја закочи македонската иднина.

Треба да знаете
Последни објави