Search

СДСМ: Мицкоски повторно одбегна да ја каже алтернативата на членството во ЕУ и НАТО

Мицкоски се крие зад нервозни реакции на ВМРО-ДПМНЕ и не кажа која е алтернативата на членството во ЕУ и НАТО, реагираат од СДСМ во однос на соопштението на опозициската партија.

Од таму додаваат дека Мицкоски уште не одговорил и за неговата улога во настаните на 27. април кога, како што велат, бил главен кадровик на неговиот ментор Никола Груевски.

„Мицкоски повторно одбегна да каже дали членството во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа има алтернатива и која е“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Од СДСМ сметаат дека Мицкоски не може да понуди ништо освен деструкција, блокади и протести на кои, според нив, го брани криминалот и се заканува кон судии и обвинители.

Треба да знаете
Последни објави