Search

СДСМ: Мицкоски нема кредибилитет да зборува за економија

Од СДСМ денеска регираа на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека тој нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија. Според владејачката партија, економијата е подготвена да се справи со економските последици од глобалната пандемија на коронавирусот, а државата институциите преземаат се што е потребно да се заштитат граѓаните.

-Пакетот мерки кои ги предложи СДСМ и претседателот Заев, вредни 200 милиони евра, се издржани, на здрава основа, за помош на граѓаните, на работниците, на стопанството, да ги сочуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек – наведуваат од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат и дека денеска состанок има Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Оливер Спасовски, а Мицкоски да имал мерки тие требало да ги предложи преку дополнителната министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочовска и Трајко Славевски.

Треба да знаете
Последни објави