Search

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека се против НАТО

ВМРО ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски покажаа и докажаа дека се против НАТО, против ЕУ.
Денеска во Собранието на површина уште еднаш исплива лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ,  каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително  важен за НАТО интеграцијата.
Уште еднаш стана јасно дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.
Оттука паѓаат во вода лажните тврдења и манипулации  на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.
Лицемери, лажен патриотизам, блокади и деструкции, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема.

Треба да знаете
Последни објави