Search

СДСМ: Мицкоски е најдемантираниот политичар во земјава, затоа губи на сите релевантни анкети

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со панични реакции, откако им станува се појасно дека немаат шанси ниту да го ублажат поразот што им следува за една седмица од сега.
Повторно рециклираат стари лаги Христијан Мицкоски за наводни плаќања анкети од страна на Владата иако таа лажна вест беше експресно демантирана.
Но очигледно и тоа не им е доволно, па денеска повторно објавуваат некакви анкети на фантомски агенции, полни со нелогичности и небулози кои најверојатно се правени во Белиот дворец.
Анкетата на „АКСИОС” е објавена незаконски, не е наведено по кој метод е направено наводното истражување.
Мицкоски е најдемантираниот политичар во земјава, затоа губи на сите релевантни анкети, затоа го очекува седми пораз на избори на 17 октомври.
Треба да знаете
Последни објави