Search

СДСМ: Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

ТВ соочувања имало и ќе има, извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите, не може да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски, реагираат од СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ дуел со Заев.

„ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има. Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал. Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ.

Мицкоски претходно кажа дека добил покана од две телевизии да гостува на ТВ-дуел со Заев и дека се надева оти претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.

Треба да знаете
Последни објави