Search

СДСМ: Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои кои работеа против иднината, но беа поразени

Македонскиот идентитет е загарантиран еднаш засекогаш и признаен од целиот свет, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој денеска рече оти останува запишано дека 81 човек во парламентот ги промениле името и идентитетот.

Според СДСМ уставните измени се неопходен чекор кон исполнување на врвните стратешки приоритети на државата.

„Врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ѓорге Иванов и Јанко Бачев се дел од мала, маргинална група која е против ЕУ и НАТО. Мицкоски, Бачев и Иванов ќе останат запаметени како некои кои работеа против иднината, но не успееја, беа поразени. Целиот демократски свет го поздравува спроведувањето на Договорот од Преспа преку усвојување на уставните измени со што се отвора патот за полноправно членство во ЕУ и НАТО“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додадава дека само антизападното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да работи спротивно на државните и националните интереси.

„Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и антизападните политики на Мицкоски ги очекува пораз на какви било избори. Затоа бараат, ама се молат да не ги добијат. Кога ќе има избори не зависи од желбите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, туку од приоритетите на граѓаните и државата“, стои во соопштението во кое исто така од владејачката партија порачуваат дека кога и да има избори, какви и да бидат тие, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Бачев можат единствено да се спремаат за пораз.

Треба да знаете
Последни објави