Search

СДСМ: Маџир маало добива фекална и атмосферска канализација

Локалната Власт предводена од СДСМ продолжува со низа активности кои го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Општина Центар го решава долгогодишниот проблем на нашите сограѓани од Маџир маало.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, по добиен грант од нивна страна почнуваме со изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа.

 Досега, жителите на оваа стара и позната скопска населба беа приморани да користат септички јами поради неизградената канализациона мрежа.

По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2700 метри квадратни.

Градиме по план и обезбедуваме безбедни и сигурни коловози.

Градоначалникот и советниците во Општина Центар, како и  досега продолжуваат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави