Search

СДСМ: Конвенцијата е фарса, Мицкоски сам го избра неговиот кандидат

Денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса.Антизападниот Христијан Мицкоски сам го одбира неговиот кандидат или кандидатка. Денеска е само официјализацијата, соопшти СДСМ.

Според партијата, тоа го потврдуваат и информациите објавени во дел од медиумите блиски до опозицијата, според кои, на конвенцијата е преполовен бројот на делегати кои се ибрани лично од Мицкоски.

,,Останува јавноста да види дали некој од кандидатите јавно ќе се огради од деструктивните, анти НАТО и анти ЕУ активности и политики на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов.Во најмала рака, граѓаните очекуваат оградување од ставовите и осуда на говорот на омраза и поделбата на граѓаните”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави