Search

СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога

Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник.
Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци”, односно продажба на дрога.
Еве ја пресудата со која се потврдува кривичното дело на Стефковски.
Тоа што Стефковски пред десет дена извадило уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван.
Неговата казна според Кривичниот законик, како и за сите осудени лице, по законски определен период се брише, но повторно, ова не значи дека во 2002 година одина не бил правосилно осуден за сторено кривично дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци”
Еве ја понудата за градоначалник на Гази баба на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Ова е уште еден доказ во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промен, тоа е истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници е составена од старти ликови, луѓе на Груевски луѓе за кои постојат судски пресуди за сторени кривични дела.
Со ваква понуда, ВМРО-ДПМНЕ убедливо губи овде во Гази Баба. Граѓаните на Гази Баба нема да дозволат поранешни затвореници да ја водат општината и да управуваат со народни пари.
Со СДСМ и Борис Георгиевски граѓаните се на сигурно, работата дека има континуитет. Знаат дека проблемите продолжуваат да се решаваат.
На 17-ти октомври со пенкалото во рака да гласаме за бројот 12 и да го одбереме најдоброто. Да кажеме НЕ на криминалот и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недела граѓаните ќе заокружат 12 за Борис Георгиевски и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за да продолжи развојот на Гази Баба.

 

Треба да знаете
Последни објави