Search

СДСМ и ДУИ се уште не решиле за евентуален консензулаен претседателски кандидат

Владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ се уште е во фаза на констулации и анализи за тоа како ќе настапи на претстојните претедателски избори, а во СДСМ се уште не е отворено прашањето за можните кандидати, ниту за тоа дали ќе се оди со концептот консензуален кандидат или не, но сите опции остануваат отворени.

Ова го изјави денеска потпретседателката на СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ташевска Ременски на маргините на стручната тркалезна маса „Примена на нови технологии во изборните процеси”.

-Прашањата меѓу коалициските партнери во Владата се водат во рамки на органите на партиите и не се завршени. Се уште се водат консултации и анализи. Во партијата се уште не се отворени прашањата околу можните кандидати, дали тоа ќе биде концептот на консензуален кандидат или не, но секако сите опции се отворени за разговор и ќе го одбереме најсоодветниот начин за да можеме да ги обединиме граѓаните околу кандидатот на СДСМ, истакна Ташевска Ременски.

На прашањето за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори, таа посочи дека изборите за шеф на државата се согласно роковите, а предвремените ги најавува и бара лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, додека премиерот го зема предвид барањето кое ќе биде дискутирано во органите на партијата.

Сепак, според неа, во моментов вниманието треба да се насочи кон зацртаните реформи, кон добивањето на позитивен извештај и отворање преговори со ЕУ, а не кон борба меѓу политичките партии.

-Опортуно за секоја политичка партија која води политики и е мнозинство е да сака предвремени избори за да го зајакне својот мандат и бројноста на парламентарното мнозинство. Но, имајќи ги предвид сите чекори кои треба да ги изодиме до добивање датум за преговори со ЕУ и сите чекори во исполнување на условите за добивање датум за преговори, а тоа се реформските процеси во делот на безбедноста и разузнавањето, јавната администрација и судството, а имајќи ги предвид и мајските избори за нов состав на Европскиот парламент, сиот овој период не треба да биде одење во празно или борба меѓу политичките партии, затоа што ова е период и патека која треба да ја изодиме за државата, рече Ташевска Ременски.

Треба да знаете
Последни објави