Search

СДСМ: Има разлика, ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваше насилство и бранеше криминал, СДСМ одговорно се однесува

ВМРО-ДПМНЕ инсталираше режим, создаде заробена држава и цели 11 години свесно поттикнуваше насилство и бранеше криминал од секаков вид.

Насилство, тензии и неказивност беше одлика на тоа криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и до денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не се оградија од тој криминал, никого не повикаа на одговорност, со сите сили го бранат.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за продолжување на работата со СЈО!

Тоа е јасно како бел ден и прави голема разлика.

За следната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ од белиот дворец, кој патем и самиот е дел од постапка на СЈО за криминал, прво нека се извинат до граѓаните за срамниот, безобразен начин на одбрана на криминалот и нека повикаат на одговорност од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Без тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет никого да повикува ниту да прозива.

СДСМ демонстрира сериозна одговорност пред граѓаните, пред сопствената земја, секаде каде што има законски и прекршувања на моралните норми се преземаат конкретни одговорни чекори.

Од морални причини се повлече директор на културна институција, се повлече директор на Биро за безбедност, се случи повлекување на пратеник поради чувство на лична одговорност пред граѓаните. Вакви примери, ваков висок чин на морална одговорност за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија.

СДСМ ќе продолжи одговорно и отчетно да ја води државата. Секаде кадешто има законски или прекршувања на моралните норми ќе следува одговорност.

Треба да знаете
Последни објави