Search

СДСМ: Земјата е сè поблиску до НАТО, создадовме светол пример во регионот

Резултатот во политиката и дипломатијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека оваа партија 11 години ја држеше земјата во изолација, создаде заробена држава и режим, далеку од ЕУ и НАТО, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека дипломатијата под водство на Никола Димитров тоне во хаос и самоволие.

„За само две години Владата предводена од СДСМ успеа од заробена држава да создаде светол, блескав пример во регионот. Земјава е на чекор од остварување на двата клучни стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ сметаат дека опозициската партија не можела да најде полош тајминг за, како што велат, невистинината прес-конференција бидејќи токму денес Канада го ратификува протоколот на НАТО, со што земјава е поблиску до полноправно членството во Алијансата.

„Секоја нормална полтичка партија која и мисли добро на својата татковина и на граѓаните би се израдувала за напредокот на земјата и остварувањето на еден од врвните стратешки и национални интереси – членството во НАТО“, додаваат од владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави