Search

СДСМ: Здравството се унапредува, а на ВМРО-ДПМНЕ му стана навика да злоупотребува трагедии во политички цели

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно му стана навика да злоупотребува човечки несреќи во дневнополитички цели, што само покажува во каков очај и безидејност се наоѓа опозициската партија, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Маја Славева, која обвини дека неспособноста на министерот Венко Филипче резултира со човечки жртви.

Од СДСМ истакнуваат дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт не направила ништо за здравството.

„Ги понижуваше лекарите и пациентите и го урниса здравствениот систем, а денес шири лаги и неоснована паника меѓу граѓаните. Поради таквите лоши политики на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ инвестира во здравството и ја враќа загубената доверба“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава дека како резултат на активностите кои ги презема Владата предводена од СДСМ, новороденичката смртност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е намалена за 30 отсто, а во време на ВМРО-ДПМНЕ била многу поголема.

„Формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата за кое ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже, ќе биде во корист на пациентите. Со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравствено осигурување и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, ќе бидат оптимизирани и контролирани“, појаснуваат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави