Search

СДСМ за Дудуш: Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво

Од СДСМ денеска испраќаат нивен став до јавноста во врска со објавената снимка во медиумите за наводна поврзаност со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Осудуваме било какво насилство, тоа е недозволиво и неприфатливо, одговорност мора да има.

Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.

Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување.

Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво.“

Треба да знаете
Последни објави