Search

СДСМ: Загадувањето е последица од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Се обновува зеленилото, се преземаат секојдневни мерки против аерозагадувањето – проблем што е последица од погубните политки на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на обвинувањата од опозицијата дека власт ае виновна за енормното загадување на воздухот.

„ВМРО ДПМНЕ цели 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето. Исто толку време, преку погубните криминални политики системски влијаеше на уништување на зеленилото и загрозување на животната средина. За разлика од таквиот неодговорен однос, денес, Владата предводена од СДСМ, надлежните институции, Министерството за животна средина, инспекторатите, Град Скопје и општините секојдневно на централно и локално ниво преземаат мерки за справување со проблемот со аерозагадувањето. Дел од мерките за поздрава животна средина се и интезивното обновување на постоечкото и подигање на ново зеленилото, преку масовсно засадување на дрва и создавање на заштитни зелени појаси“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека интензивно се подигнуваат нови зелени површини и само во Скопје во последните шест месеци, обновени се и подигнати се нови зелени површини од над 50.000 квадратни метри.

„Од страна на АД ЕЛЕМ започната е сериозна акција за пошумување на просторот околку РЕК Битола со засадување на околу 50.000 висококвалитетни садници. Паралелно со акциите за зазеленување се реализираат бројни мерки против загадувањето. Се набавуваат нови еколошки автобуси, се обновуваат фасадите, се субвенционираат трошоците за набавка на еколошки печки на пелети, се заменува греењето на училиштата со еколошки енегенси, постојано се расчистуваат диви депонии, засилен е инспекцискиот надзор против сите извори на загадување. Се преземаат бројни акции низ здружена, координирна акција на сите институции со цел да се реши проблемот со загадувањето, а нивото на загадување во следните две години да се намали за 50 остсо во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави