Search

СДСМ: Економијата се поставува на здрави основи и се движи во добар правец

СДСМ: Економијата се поставува на здрави основи и се движи во добар правец

Не постои поголемо лицемерие од она кога антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ зборува за економија и расипништво, држејќи прес конференции во луксузниот дворец вреден милиони евра, изграден во време на најголема сиромаштија и економски пустош што го создаде токму Никола Груевски.

По надминување на напластените проблеми предизвикани од криминалните проекти на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, како промашените автопати, реализацијата на капиталните инвестиции и оние во делот на Буџетот и оние во јавните претпријатија, се интензивира.

Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто менторот на Мицкоски ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на криминални интереси. Сега економијата се поставува на здрави основи.

Забележан е рекорден износ на странски инвестиции во првото полугодие, индустриското производство е во постојан пораст, расте просечната плата.

Со предлог ребалансот на Буџетот се обезебдува финаниска поддршка на општините за решавање на финансиските проблеми и справување со наталожените долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел да се растоварат од проблемите и да започнат со подинамична реализација на зацртаните проекти во интерес на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат, повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави