Search

СДСМ да не лаже дека создале услови за достоинствен живот

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Јагода Шахпаска

 

 „СДСМ продолжува во свој стил – само лаги и лицемерие. СДСМ не знае што е намалување на социјална нееднаквост. СДСМ никогаш не се грижеле за повозрасните граѓани, не се грижеле за социјалните категории на граѓани.

Само лажат дека има зголемувања на пензии, социјална помош, помош за трето лице и слично.

Сите овие граѓани се излажани. СДСМ на граѓаните им фрли само трошки.

Ако сакаат да зборуваат за социјална реформа треба прво да научат што подразбира тој процес, а потоа да го спроведуваат.

Состојбата во државава е повеќе од загрижувачка.

За ова е одговорен криминалецот Зоран Заев кој видовме дека во исто време е и премиер и врховен судија. Ова е клучен доказ дека мафијата има своја држава.

Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела.

Граѓаните не сакаат да живеат во агонијата приредена од неодговорните политички елити и сакаат да се сврти нов лист. Излезот од проблемите ќе стартува по 12-ти април. На 12-ти април ќе стартува обнова на Македонија.“

 

Треба да знаете
Последни објави