Search

СДСМ: Груевски потврди дека е кукавица, избега на подмолен начин

Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди за себеси дека срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин. Криминалецот Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво. Со кукавичкото бегство, лажниот патриот, криминалецот Груевски покажа дека останува верен на казуата на криминалот што со години го приредуваше. Никола Груевски е срам за јавноста и срам за ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со пионот Христијан Мицкоски, се единствените кои го барант неговото криминално дело.

„Неговиот пион Мицкоски треба да одговори дали го оправдува бегството на Груевски и неговото криење од правдата Институциите имаат обврска пред граѓаните да утврдат и да соопштат кој е одговорен за ова. Зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги?“, прашуваат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави