Search

СДСМ: Граѓаните нема дозволат претседател кој бега од јавноста и не знае колку војници има армијата, затоа масовно ќе го поддржат Стево и неговиот концепт што води напред

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата.Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.

Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.

Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите. Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.

Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата. Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси. Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави