Search

СДСМ ги повикува пратениците да гласаат за уставните измени

Македонија ги почнува преговорите со НАТО, пратениците да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени, повика владејачката СДСМ.

„Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата. Зборот е збор, од заробена држава до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг. Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО“, велат од партијата.

Од таму истакнуваат дека сега останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

„Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави