Search

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, Мицкоски останува на спротивната страна од интересите на граѓаните

Додека во СДСМ се заокружува процесот на промени кои се во интерес на граѓаните и имаат за цел да го забрзаат напредокот, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски. Тоа е истата матрица на поделби, деструкција и одбрана на криминал.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои навиваат за неуспех, единствените кои работат против интеграција во обид да ја вратат државата назад во темното минато на изолација.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени. Граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели членството во ЕУ и НАТО.

Република Северна Македонија оди напред и враќање назад нема.

Треба да знаете
Последни објави