Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја почна годината со манипулации

Ништо ново, ВМРО-ДПМНЕ ја почна годината со манипулации, идентично како што се однесува години наназад, реагираат од СДСМ на изјавата на Маја Славеваод ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Царовска уредно и согласно законските прописи го има пријавено имот и имотот на нејзиното семејство.Очигледно ВРМО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на реформите во областите на трудот и социјалната политика после децениското погрешно уништување на системот од страна на режимот.

Додека парите на граѓаните ги трошеше на лажен барок, споменици и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше системот за социјална заштита, и ги понижуваше најранливите категории граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму додаваат дека за разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започнала системска реформа која што обезбедува социјална правда и трајно извлекува од сиромаштија.

Повеќе пари завршуваат кај граѓаните и поголема помош за секое семејство. Социјалната помош се зголемува за 300 отсто, се воведува гарантираната минимална помош, се олеснува пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, за повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, се реши проблемот со стечајните работници, се покачи минималната плата,“ велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави