Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не објавува бомби, туку исчадени петарди

Од СДСМ велат дека обвинувањата на Игор Јанушев оти власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис се само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека дека партијата на Христијан Мицкоски е целосно потоната во матрица на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.

 

Треба да знаете
Последни објави