Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за одговорност затоа што за нив тоа е апстрактен поим  

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за правда, затоа што за нив одговорноста е апстрактен, непознат поим, се вели во соопштението на СДСМ.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат еден единствен приоритет, да го бранат криминалот на Никола Груевски и тоа го докажува секојдневно.

Претседателот Зоран Заев и СДСМ осудуваат секаков вид на насилство. Упатен е и повик, истражните органи да утврдат дали и каква одоворност постои. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се тие кои бранат криминал, кои шират лажни вести и штитат криминалци.

Министерство за внатрешни работи ги демантира лагите за наводното фалсикување на записник, но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно да лажат.

Како што јавно соопшти МВР, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Времето кога ВМРО-МВРО ги извршуваше наредбите на Груевски за заташкување на кривични дела, режирани апсења, закани и уцени заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, надлежните органи работат професионално, транспарентно согласно законите, граѓаните се еднакви пред законите и Уставот и за секое незаконско постапување следува одговорност.

Треба да знаете
Последни објави