Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со успешното работење на АД ЕЛЕМ

ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со успешното работење на АД ЕЛЕМ

Наместо да го поздрават успешното работење на АД ЕЛЕМ и фактот што Македонија од земја зависна од увоз денеска произведува вишок и продава струја, ВМРО-ДПМНЕ измислува непосточеки случаи и шири лажни вести.
Од почетокот на оваа година, вкупно се продадени 170 илјади мега ват часови и обезбеден е приход од над 8,7 милиони евра.

За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија а во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку.
Ова е периодот кога со АД ЕЛЕМ раководеше поранешниот советник на Никола Груевски и сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше енергетскиот сектор, со цел интервентно да се увезува скапа електрична енергија и за да се задоволат одредени бизнис интереси на фамилијата.

Денешниот дефект во Осломеј е само една од последиците од таквото запоставување на домашните производни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно соопшти АД ЕЛЕМ дефектот во системот за водено отпепелување е брзо саниран и процесот продолжува согласно сите еколошки стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски се единствените кои не можат да се помират со успешното раководење на АД ЕЛЕМ.

Мицкоски треба да учи како се работи.

Треба да знаете
Последни објави