Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема идеја и не може да се помири со успесите на полицијата

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат идеја, немаат програма, ниту политичка понуда. Опозицијата не може да се помири со успесите на МВР и полицијата.

Затоа од информации кои веќе се објавени во Билтените на МВР се обидуваат да манипулира, со случаи за кои веќе полицијата постапува и се во фаза на разрешување.

Времето кога МВР беше продолжена рака на Груевизмот и наместо да гони криминалслужеше за одмазди, закани и заташкување на кривични дела на ВМРО-ДПМНЕ заврши. МВР денеска работи професионално, одговорно и во интерес на граѓаните.

Токму затоа 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно.

МВР работи во интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ нека смисли друг начин да го привлекува вниманието, нека даде макар еден предлог, план или идеја.

Треба да знаете
Последни објави