Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара “јунакот” кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов

ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов, соопшти СДСМ.

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ?

На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не им е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза, бранејќи ги злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е среќна и просперитетна земја, заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од ликовите како Иванов, Мицкоски и Груевски и не дозволуваат да фати коренот омразата и поделбите кои токму тие го промовираа.

На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов туку вистински претседател.

На изборите напролет, граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов.

Ќе изберат вистински Претседател на сите граѓани кој ќе застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“ се наведува во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави