Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 100% ја поскапе струјата што ги поттикна граѓаните на нееколошки начини за загревање

Погубните и криминални политики што цела деценија ги водеше ВМРО-ДПМНЕ преку кои го уништуваше зеленилото и животната срединa и ја поскапе струјата за 100%, резултираа со енормно загадување кое и денес се чувствува, обвинуваат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и ја укина евтината тарифа на струјата и за 100 отсто ја покачи цената на електричната енергија и примора стотици илјади граѓани да се префрлат на други нееколошки начини за загревање на домовите, што придонесе за зголемено загадување“, стои во соопштението на владејачката партија во кое се додава дека Христијан Мицкоски како лева рака на Груевски, директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика е исто така одговорен за тоа.

Се истакнува и дека наспроти неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон животната средина и здравјето на граѓаните, владата предводена од СДСМ и надлежните институции со голема сериозност му пристапиле на проблемот со загадувањето и преку низа мерки работат на негово намалување.

„Се реализира проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Интензивно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри“, се наведува во соопштението во кое од СДСМ потсетуваат дека и градските власти во Скопје пристапиле кон сериозна акција за зазеленување.

Треба да знаете
Последни објави