Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преврте Охрид и Охридскиот регион наопаку, препораките на УНЕСКО ќе се спроведат

Нема поголемо лицемерие од она ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, после се она што му го направи на градот и Охридскиот регион.

Сосотојбата во која денес се наоѓа културното и природното богатство на Охрид е директна последица од неодговорното и криминално децениско владеење на ВМРО-ДПММНЕ.

Јавноста многу добро знае дека токму Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ целосно му го смени ликот на Плаошник со огромното бетонско издание на Светиклиментовиот универзитет.

Токму ВМРО-ДПМНЕ планираше да гради аеродром на вода и ски-жичарница на Галичица и носеше белосветски измамници како Субрата Рој кој сакаше да гради ресорти и скапи хотели на брегот на Езерото.

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас да бидат легализирани за само едно евро за метар квадратен.

Неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ речиси го превртеа Охрид наопаку и затоа денес опозициската партија нема минимум кредиблитет да зборува за Охрид и Охрискиот регион.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Владата, општината и сите надлежни институции ќе сторат се за да се спроведат препораките на УНЕСКО, а богаството на Охрид, Охрискиот регион и Охридското да не биде загрозено.

Треба да знаете
Последни објави