Search

СДСМ: Влезот во НАТО и преговорите со ЕУ ќе го забрзаат економскиот раст

Успешните економски политики на Владата предводена од СДМ и напредокот во евроинтеграциите даваат реални резултати потврдени преку бројни економски параметри.

Според официјалните податоци, во 2018 година, просечната плата пораснала за 5,7 отсто, што е за дури трипати поголем од просечниот раст во последните пет години. Растат платите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во секое семејство.

Со напредокот во интеграцијата кон ЕУ и НАТО се враќа довербата во македонската економија. Прометот на Македонската берза во 2018 година е за 120 отсто поголем во однос на 2017 година.

Приближувањето до полноправно членство во ЕУ и НАТО, ја прави Македонија сигурна, атрактивна и посакувана дестинација за туризам. За првпат во историјата на независна Македонија, во 2018 година, без месец декември, во државата престојувале над еден милион туристи.

Ова се само дел од низата парамeтри што ја покажуваат успешноста на економските политки и значењето на процесот на интеграција за развој на економијата.

Членството во НАТО коешто е извесно, дополнително ќе влијае врз растот на економијата.

Влезот во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија ќе го забрзаат економскиот раст, македонската економија ќе стане уште поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе растат инвестициите, платите и работните места, а со тоа и индустриското производство и извозот.

СДСМ како одговорна партија останува посветени на заложбите за интеграција, напредок и економски раст. Продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави