Search

СДСМ: Булеварот 3-та македонска бригада конечно, после 6 години од почетокот на неговата изградба, ќе биде довршен

Град Скопје го започна отстранувањето на автопералната која заради брзоплетото и непланско работење на претходната власт беше пречка за довршувањето на изградбата на булеварот.

Градската администрација раководена од СДСМ и градоначалникот Шилегов, со одговорен однос кон судскиот имотно правен спор за објектот на оваа автоперална, успеа да го заштити интересот на граѓаните обезбедувајќи услови за целосно завршување на изградбата на булеварот. За потсетување, првата фаза од проширувањето на тогашната улица 3-та македонска бригада од Бул. Србија до спорниот објект, беше започната во 2013-та година, на почетокот на вториот мандат на Коце Трајановски. И покрај апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, до крајот на својот мандат Трајановски не успеа да го реши судскиот спор. Од тие причини проширувањето на улицата во булеварско решение Трајановски го развлекуваше цели 4 години. Неспособноста и непланското работење на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ цели 4 години ја прошируваше и ја остави недовршена една од најфрекфентните улици во општина Аеродром. Спорниот објект на автопералната до вчера го попречуваше нормалниот проток на возилата и на тој начин ја намалуваше и брзината и безбедноста на сообраќајот. За само 2 години од преземањето на локалната власт во Град Скопје СДСМ успеа, со одговорен однос кон управувањето на Градот и штитењето на граѓанските интереси, да го доведе до крај имотноправниот спор кој Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го решат цели 4 години.

Затоа почитувани граѓани, не сме исти. Градиме по план, одговорно ги управуваме институциите, ги решаваме наследените проблеми и ги штитиме интересите на граѓаните. Булеварот 3-та македонска ударна бригада наскоро ќе биде довршен, а жителите на општина Аеродром ќе можат конечно да почнат да ги користат придобивките од ова сообраќајно решение.

Треба да знаете
Последни објави