Search

СДСМ:Економијата се движи во нагорна линија, раст од 4,1 отсто и намалување на невработеноста на 17,8 отсто само во првиот квартал од 2019

Успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ ги потврдуваат резултатите.

После години на стагнација поради погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.

Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година порасна и изнесува 4,1 отсто, што е најголем раст во последните неколку години.

 

Активните мерки за вработување, растот на инвестициите и зголемената доверба во економијата даваат позитивни резултати.

 

Невработеност во првиот квартал од 2019 година е намалена на 17,8 отсто, што е историски најниско ниво на невработеност од независноста до денеска.

 

За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.

 

Ваквите позитивни трендови се дополнителен стимул за уште поголем економски раст.

 

Извесното полноправно членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили позитивниот тренд на намалување на невработеноста.

 

Грижата кон граѓаните, кон државата продоложува, зборот важи!

 

Треба да знаете
Последни објави