Search

СВР Скопје: 29 возачи возеле пијани, четворица одбиле алкотест

Утрово во периодот од полноќ до 5 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.

Како што информира СВР Скопје, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле да проверка за присуство на алкохол.

Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Во периодот од  23 часот на 15.06.2019 до 5 часот на 16.06.2019 година спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени  мандатни и прекршочни платни налози.

 

 

Треба да знаете
Последни објави