Search

СВР Скопје: Казнети 54 возачи кои возеле брзо во населено место

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашното деноноќие спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Како што информира МВР, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место и прекршоците се санкционирани со мандатни платни налози и прекршочни платни налози.

Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 38 прекршочни платни налози.

Треба да знаете
Последни објави