Search

СВР Скопје: Казнети 53 возачи поради брзо возење

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција казнила 53 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај биле исклучени 30 возачи. Од нив, 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави