Search

СВР Скопје: Казнети 39 пешаци кои поминале на црвено светло и надвор од пешачки

Две лица биле повредени во вкупно седум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие во Скопје, информира МВР.

Според СВР Скопје, 22 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои двајца возачи затоа што управувале пијани, 14 возачи управувале возило без да се стекнат
со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Од сообраќај се биле исклучени и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Полицијата санкционирала тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,
четворица поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Казнети биле и 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатите
денови издадени се 134 мандатни платни налози и 86 возила се
подигнати со „пајак“.

Треба да знаете
Последни објави