Search

СВР Скопје: Казнети 109 возачи за брзо возење

Дури 109 возачи биле казнети за брзо возење изминатиот викенд во Скопје, а 16 возачи бидејќи поминале крстосница на црвено светло,  информира СВР Скопје.

Според СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 51 возач од кои 48 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи-почетници. Од сообраќај исклучени се и 33 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Полицијата санкционирала 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин.

Во текот на изминатите денови издадени се 191 мандатен платен налог и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави