Search

СВР Битола: Казнети 21 возач за брзо возење

Сообраќајната полиција на СВР Битола изминатото деноноќие казнила 21 возач кои по улиците на Битола возеле со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од СВР Битола, сообрааќајците извршиле контрола за пречекорување на брзината, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  безбедносен ремен, светло и алкохол, при што биле контролирани 390 возила.

При контролата било констатирано дека 21 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 12 возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи било откриено присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај.

Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а тројца не користеле сигурносен појас. Девет возачи биле писмено предупредени, а на 50 возачи им биле изготвени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, биле изготвени и 26 прекршочни налози.

При контролата биле откриени и други 18 различни прекршоци.

 

Треба да знаете
Последни објави