Search

Свлечиште затрупа автобус со 15 патници во Пакистан

Автобус со 15 патници денеска беше затрупан со кал и камења од одрон во северниот дел на Пакистан.

Спасувачки екипи во моментов се обидуваат да извлечат евентуални преживеани, јавија локалните медиуми.

Официјалниот претставник на локалната полиција Вакил Кан изјави дека автобусот на планинскиот пат од градот Равалпинди до градот Скарду паднал во ров и веднаш исчезнал во тони кал и камења. Тој оцени дека шансите некој од патниците да ја преживее оваа катастрофа се многу мали.

Треба да знаете
Последни објави